Ракомет Спорт

Македонија го отвора првенството со Франција

Македонската женска ракометна репрезентација вчера ги доби противниците за првата фаза од Европското првенство. Нашата селекција немаше среќа и за противници доби три репрезентации кои се во самиот врв на европскиот женски ракомет.

Првиот дуел на шампионатот избраничките на селекторот Љубомир Савевски ќе го одигра на петти ноември во Скопје, а противник ни е актуелниот олимписки првак Франција.

Два дена подоцна се среќаваме со Холандија додека на деветти ноември ќе се соочиме со Романија. Сите три средби ги играме во А1 арената Борис Трајковски, а термините ќе бидат дополнително одредени.

Пласман во следната фаза обезбедуваат трите првопласирани. Македонската престолнина ќе биде домаќин и на мечевите од втората група во Главната рунда, а ќе вкрстат репрезентациите од Д конкуренцијата што се игра во Подгорица, а ќе партиципираат Полска, Црна Гора, Германија и Шпанија.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе