Вести Економија

Владата бара европски пари за да ја преброди кризата

Министерството за финансии во рок од седум дена да испрати барање до Европската комисија за користење на макро-финансиска поддршка од Европската унија-од помошта за не –ЕУ земјите- одлучи Владата која е во мисија како да се најдат пари за финанисирање на дупката во буџетот која е јасно дека  уште  ќе се продлабочува. Министерот за финансии Бесими најави дека со ребалансот кој се подготвува и треба најдоцна до јуни да стигне пред пратениците, дефицитот ќе е поголем од планираниот од 545 милиони евра или 4,3 % од БДП. Потврди и дека ќе расте инфлацијата, но и јавниот долг- а парите и надвор, од каде планиравме да се задолжуваме се прескапи. Па така еврообврзницата која беше планирана на 600 милиони евра еден и пол месец  е не чекање, бидејќи каматите се превисоки. Експертите децидни- ја живеме најголемата криза – од која не знаеме како ќе излеземе. И препорачаа на Владата- во време на висока инфлација- наместо да се расфрла со пари –  да штеди.

Според Бауш,со ребалансот не треба да се кратат капиталните инвестиции. Вели ако се задолжуваме тоа да биде за продуктивни цели- а не за гасење социјални пожари. Зошто ако продолжиме вака – јавниот долг кој надмина 7 милијарди евра- ќе нема како да го враќаме.

Инаку не е прв  Владата да бара помош од ЕУ за да ги покрие буџетските трошења. Пари добивме и во 2020 година поради кризата со пандемијата. Дел од парите се грантови,а  дел се поволни кредити. Целта е да се помогне на земјите апликанти во враќањето на одржлива надворешна финансиска состојба- соопштои владата и е дополнување на финансирање  претходно одобрено од ММФ. Од министерството за финансии нема информаација колку пари ќе се бараат од ЕУ  и за што ќе се трошат.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Претседателката Сиљановска за судските реформи: Без финансиски средства нема независно судство

Дејан Дејан

(ВИДЕО) Владеачкото мнозинство ги одбива амандманите за Закон за судска служба

Дејан Дејан

Земјоделците да се внимателни кога наводнуваат и користат механизација во близина на далекуводи – последиците можат да се сериозни предупредија од АД Мепсо

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе