Вести Најважни Ракомет Спорт

Ракометарите преку Чешка обезбедија настап на мундијалот во Полска и Шведска идната година

Македонија ќе шестти пат по ред ќе игра на Светско првенство во ракомет, и вкупно осми пат во нашата историја, откако вечерва ракометарите ја совладаа Чешка со 27-25 во реванш баражот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Одличната серија на ракометарската репрезентација која трае од 2013 вечерва продолжи со драматична завршница во Скопје, во која Филип Кузмановски со гол од седум метри го завери билетот за осмиот мундијал во историјата на македонскиот ракомет.

Токму Кузмановски беше најефикасен со девет гола, Филип Талески постигна шест, а одличен меч одигра и Томислав Јагуриновски истакнувајќи се во клучни моменти со три гола, колку што постигна и Жарко Пешевски.

На голот одличен беше Никола Митревски, кој со 14 одбрани ја одржуваше предноста на репрезентацијата, особено во периодот од 4 минути во второто полувреме во кое не можевме да постигнеме гол.

Филип Миркуловски, кој вечерва го одигра последниот меч во македонскиот дрес, од репрезентацијата се прости со два гола, колку што постигна и селекторот Лазаров.

Јакуб Хрстка и Томас Пирох кај Чешка беа најефикасни со по пет гола, а стандардниот Томас Мрква имаше 13 интервенции, што сепак на крајот не беа доволни за пласман на СП во Полска и Шведска идната година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ФОТО) Голем број човечки жртви во поплавите во Источна Африка

Дејан Дејан

Празнување на меѓународниот ден на трудот Први мај

Дејан Дејан

Шојгу бара повеќе оружје за војната во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе