Барселона до крајот на оваа сезона ќе биде без младиот Педри, кој на синоќешниот натпревар со Ајнтрахт Франкфурт заработи повреда.
Според медицинските прегледи шпанскиот репрезентативец има скинат мускул на задната ложа и ќе биде надвор до терените на неодредено време. Вообичаено рехабилитацијата од ваква повреда трае околу 2 месеци, што автоматски значи дека Педри ќе се врати на терените летово за стартот на подготовките за новата сезона.
Сезонава одигра само 22 натпревари во Ла Лига, бидејќи веќе еднаш имаше иста ваква повреда на задниот бутен мускул.
