Спорт Фудбал

Семејството Рикетс се повлече: Остануваат само три понуди за купување на Челси

Инвестициски конзорциум од САД предводен од семејството Рикетс реши да ја повлече својата понуда за купување на акциите на фудбалскиот клуб Челси пред крајниот рок, што измина вчера.

Според соопштението на групацијата, имало одредени проблеми при целиот процес за купување на фудбалскиот клуб, па затора решиле да не одат до финалната фаза. Сепак, навивачите на Челси уште пред две недели го изразија своето незадоволство и протестираа против семејството Рикетс.

Во јавноста се појавија мејлови на Џо Рикетс, кој е на чело на семејниот бизнис како ги навредува муслиманите и дека тие се негови непријатели. Семејството Рикетс го поседува бејзбол тимот Чикаго кабс.

Сега официјално во трката за купување на Челси остануваат само три понуди, а тоа се  Рајне Груп од Њујорк заедно со конзорциумот предводен од делумниот сопственик на Лос Анџелес лејкерс, Тод Боели, британскиот бизнисмен  Сер Мартин Броутон и ко-сопственикот на Бостон селтикс, Стив Паљука.

Челси моментално е под раководство на британската Влада, која посредува при продажбата, откако му го одзема клубот на Роман Абрамович поради неговите тесни врски со рускиот претседател Владимир Путин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорческа против ланската финалистка Анисимова во првото коло на Вимблдон

Sasko Dimovski

Историја за македонскиот тенис: Лина Ѓорческа ќе игра на Вимблдон

Sportska Redakcija

Вардар ги чека ривалите во Лигата на шампиони: Гигантите демнат од првиот барабан

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе