Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман вели дека добил огромен број на пораки со смртни закани по елиминација од Вилјареал во четвртфиналето во Лигата на шампиони.
„Знам дека секогаш ќе бидам критикуван од сите страни и со тоа можам да се носам. Но со 450 пораки со смртни закани на Инстаграм навистина не е лесно. Ако луѓето сакаат да ме убијат е едно, но тие исто така ја напаѓаат мојата мајка, која воопшто не ни гледа фудбал. Навистина не можам да разберам“, рече младиот стратег на Баварците.
Ова е прва сезона на Нагелсман на кормилото на Баерн откако минатото лето дојде од Лајпциг
