Немања Матиќ преку социјалните мрежи денеска објави дека по завршувањето на оваа сезона ќе го напушти Манчестер јунајтед.
Србинот вели дека долго размислувал за одлуката и на крајот решил да побара нов предизвик во кариерата. Неговиот актуелен договор со „црвените ѓаволи“ истекува во јуни 2023 година, но клубот нема да му прави проблеми во преодниот рок и ќе му даде одврзани раце да си замине.
Матиќ игра во Јунајтед од летото 2017 година, кога пристигна од таборот на Челси.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
