Фудбалскиот клуб Милан наскоро ќе доби добие нов сопственик. Според информациите на „Блумберг“ и „Ројтерс“, компанија од Бахреин сака да го купи седумкратниот европски шампион.
Наводно зделката е близу да биде комплетирана и тоа за 1 милијарда евра. Се работи за компанијата „Инвесткорп“, која располага со богатство од 42 милијарди долари, но од таборот на Милан засега немаат коментар за овие шпекулации.
Силвио Берлускони реши да го продаде италијанскиот гигант во 2017 година по цели 32 години на чело на клубот. „Росонерите“ тогаш добија нов кинески сопственик во името на Ли Јонгхонг, но тој немаше доволно пари да го одржи клубот, па по само 18 месеци отиде во рацете на американскиот финансиски конзорциум „Елиот Фонд“. Ако „Инвесткорп“ ги откупи акциите тогаш Милан ќе го добие четвртиот нов сопственик во последните пет години.
