Ракомет Спорт

Лазаров: Жал ми е што не победивме, заслуживме триумф во Злин

Ракометната репрезентација на Македонија пропушти шанса уште по првиот меч и тоа на теренот на противникот да обезбеди мирен реванш и да се пласира на Светското првенство.

И покрај предноста од седум погодоци на крајот нашите ракометари одиграа без победник 24:24, но и ова е резултат кој дава надеж дека по настапот во Скопје ќе славиме уште еден пласман на големите натпреварувања.

“На момците веднаш по мечот им честитав за одиграното и храброста затоа што да бидеме искрени никој не очекуваше еден таков натпревар против фаворизираната Чешка во кој во еден момент имавме и седум гола предност. Испочитуваме се што бевме договорено, но на крај ете ни се случи резултат кој ќе не држи будни за реваншот”, изјави селекторот Кирил Лазаров.

Сепак добрата игра против секогаш незгодниот противник дава надеж дека на домашен терен со помош на навивачите можеме да дојдеме до посакуваната победа.

“Знам дека ги изненадивме Чесите и сега за реваншот сигурно ќе се подготват уште подобро. Знам дека имаме добар резултат кој сме го немале во еден ваков бараж натпревар. Ако некој ова ми го понудеше пред натпревар, јас како селектор со две раце ќе го прифатев затоа што знаеме која е Чешка и каква репрезентација е. Но, мора да кажам дека и жалам што не победивме, па макар минимално но ете на крај не реализиравме и некои зицери. Жал ми е што момците не се израдуваа на крај, затоа што ете имавме крај на дуелот каков што имавме а навистина заслуживме победа. Тажни се само поради резултатот, а не поради играта која навистина беше на високо ниво, со колективот во преден план онака како што треба против една европска селекција. Треба добро да се подготвиме за реваншот и со ладни глави да пристапиме на дуелот со далеку поголема агилност и во нападот и во одбраната за да се пласираме на Светско првенство. А за денеска, се на се навистина преодна оценка. Мора да бидам задоволен”, заврши капитенот и предводникот на националниот тим.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Градското дерби без победник, по гол и бод за Работнички и Македонија ЃП

Дејан Дејан

МЗТ загуби од Спартак: На реваншот во Суботица ќе бара изненадување за место во финалето

Desk

Обрадовиќ потпиша нов договор со Партизан

Desk

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе