Вести Временска прогноза

Сончево и ветровито – Временска прогноза за 22.3.2022

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, поголема попладне во источните делови од земјава. Ќе дува засилен, на места силен ветер од северен правец. Наутро студено, а дневната температура ќе биде во пораст.

Агропрогноза:

Разладувањето на атмосферата, особено ниските минимални утрински температури кои достигнаа вредности и до -12 ˚С во Беровскиот и околу -5˚С долж Повардарието во изминатата седмица, внесоа со право вознемиреност кај земјоделците, особено овоштарите за евентуални штети од измрзнувања, кои не се исклучени, особено во регионите каде веќе беше отпочната вегетацијата.

Повторното заладување викендов со пад на температурите и негативни вредности до -4˚С, можноста од измрзнувања не се исклучени, ако се земат во вид и понапредните фази на развој кај овошките во овој период, и намалената издржливост во тие фено-фази.

Во оваа седмица, особено во втората половина треба да се осетат вистинските пролетни услови, со што се очекува нагло будење на вегетацијата и отпочнување на цветање кај многу видови овошки, особено од коскестите видови.

Ваквите временски услови едновремено ќе овозможат и работа на отворено во овоштарниците и лозовите насади, околу меѓуредовата обработката, заштитата на истите, потоа работи во тутунопризводството за припрема на леи за расад и вообичаени работи во градинарството во овој период од годината.

Информација од утрово:

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

45 Попова Шапка, 34 Крушево, 29 Маврови Анови.

Минимална температура (во °C)

-12 Попова Шапка, -10 Берово, Маврово, -7 Скопје-Петровец, Крушево, -6 Демир Капија, -5 Битола, Штип, Куманово, Kрива Паланка, -4 Струмица, Тетово, Охрид, Претор, Гевгелија, -3 Прилеп, Дебар, -2 Скопје-Зајчев Рид, Дојран, -1 Виница.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Tрамп изјави дека Русија треба повторно да биде примена во Г7

Дејан Дејан

Руте: На Украина никогаш не ѝ беше ветено членство во НАТО

Дејан Дејан

Зеленски до западните партнери: Не му верувајте на Путин, најисплатливо за НАТО е да ја прими Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе