Забава

Почина американскиот оскаровец Вилијам Харт

Американскиот актер, добитник на Оскар, Вилијам Харт почина на 71 година.

  • Нашето семејство жали за смртта на Вилијам Харт, саканиот татко и оскаровец.Тој почина една недела пред својот 72. роденден. Почина мирно во кругот на семејството од природна смрт. Во моментов бараме приватност , соопшти неговиот син Вил за порталот Roling Stone.

Харт ја започна актерската кариера во театар, во 1970 години на минатиот век, а во Холивуд се проби со научно-фантастичниот хорор „Променети состојби“, за кој беше номиниран за Златен глобус во 1981 година. Играше во драми, романтични комедии , но и во филмови од т.н. neo noir. Оскарот го освои 1986 година за улогата на хомосексуалец кој дели затворска ќелија со политички затвореник, во филмот „Бакнежот на жената-пајак“. За истата награда од Американската филмска академија беше номиниран уште два пати.Во последните години беше познат по ликот на генералот Тадеус Тандерболт Рос, во пет филма од серијалот „Марвел“.

Во 2018 година Харт објави дека има терминален рак на простата, но точната причина за смртта сега не е наведена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бејби Лазања : Не можам да ја прифатам наградата од 50.000 евра. Го молам Пленковиќ тие пари да ги донира

Дејан Дејан

100-те највлијателни лица во светот за 2024 година

Дејан Дејан

Рок-ѕвездата Лени Кравиц ќе настапи на годинашното издание на музичкиот фестивал Охрид колинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе