Вести Економија Топ вести

Српската влада привремено забрани извоз на основните земјоделски прехранбени производи

Српската влада денес го забрани извозот на пченица, пченично брашно, пченка и житарки и сончогледово масло, ги утврди максималните малопродажни цени на горивата, го забрани полнењето гориво надвор од резервоарот на возилото и ги намали акцизите за оловниот бензин, безоловен бензин и гасното гориво за 20 отсто.

На седницата на Владата беше донесена одлука за привремена забрана за извоз на основните земјоделски прехранбени производи значајни за населението – пченични зрна, пченично брашно, пченка и сончогледово масло, со цел навремено да се одговори на нарушувањата на пазарот и зголемената побарувачка, се наведува во соопштението на српската влада, која усвои и Уредбата за ограничување на цените на нафтените деривати, која се однесува на еуродизел и евро премиум БМБ 95, а ќе важи во наредните 30 дена, од 11 април, соопштија од Владата на Србија.

Одлуката е донесена со цел да се спречат поголеми нарушувања и да се зачува животниот стандард на населението, имајќи предвид дека во претходниот период имаше поскапување на нафтените деривати. Со уредбата се утврдува максималната малопродажна цена и се обврзуваат стопанските субјекти кои вршат промет на моторни и други горива на станиците за снабдување возила, а кои доставувале деривати пред донесувањето на уредбата, да продолжат со испорака исклучиво со точење во погонските резервоари на превозните средства, соопштија од Владата на Србија.

Исто така, предвидени се условите и начинот на продажба на нафтените деривати на регистрирани земјоделски стопанства.

Членовите на Владата одлучија привремено да ги намалат акцизите за 20 отсто од сегашната сума на нафтените деривати – оловниот бензин, безоловен бензин и за гасното гориво.

На денешната седница беше донесена изменета одлука за условите и начинот за намалување на царините на одредени стоки, односно за ослободување на одредени стоки за плаќање царина во 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Наследникот на балансерот пред пратениците – Почна дебатата за Закон за соодветна и правична застапеност

Дејан Дејан

ЕСЧП: Оправдано поништените помилувањата на Иванов- биле без валидна законска основа

Дејан Дејан

Реформската агенда во фокус: Власта уверува дека има напредок, опозицијата алармира за застој и изолација

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе