Владата го задолжи Министерството за внатрешни работи, во координација со Министерството за финансии, а во соработка и со Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето и Здружението на осигурителните компании, во рок од два дена до Владата на Република Северна Македонија да достави соодветен предлог во насока на изнаоѓање на начин украинските патнички моторни возила кои не поседуваат зелен картон да можат да влезат во Република Северна Македонија и да бидат соодветно вклучени во сообраќајот, без притоа да се бара надоместокот да го покријат самите.
Претходно дури и македонски државјани кои се евакуираа од Украина изјавија дека само на македонската граница им биле барани и наплатени осигурителни полиси за возилата. Не е наведено во соопштението за владината одлука дали ќе им биде вратен износот штп го платиле.
