Вести Економија

Лебот најверојатно ќе остане со иста цена 25 денари

Лебот најверојатно ќе остане со иста цена, од 25 денари, најави и министерот за економија Крешник Бектеши. Во интервју за Телма, Бектеши вели дека владата има информација и потврда од големите маркети  дека ќе има намалување на маржата на лебот која сега е наведена. Но точната цена ќе ја кажат во текот на утрешниот ден.

На денешните преговори со трговците Бектеши најави дека маржите ќе се намалуваат и ревидираат одредени производи. Иако не откриваат за колку, Бектеши вели дека ќе се намалат и претходно утврдените маржи од 5% на големо и 10% на мало.

За да се ублажи ценовниот шок за граѓаните, Телма дознава дека Владата го разгледува предлогот да ги намали и акцизата на горивата за што е потребна и законска измена.  

Со министерот Бектеши во вестите во 15.30 разговараше Тамара Грнчароска 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе