Вести Свет

За Лондон, рускиот предлог за привремен прекин на огнот во Мариупол е веројатен „обид да се одврати меѓународната осуда“

Велика Британија оцени дека предложената пауза на огнот од Русија во украински Мариупол веројатен „обид да се одврати меѓународната осуда“ додека тие ги преселуваат силите за „обновени офанзивни активности“, соопшти денеска британското Министерство за одбрана.

Претходно денеска руското Министерство за одбрана прогласи пауза во огнот во југоисточните градови Мариупол и Волноваха за да се олесни отворањето на коридори за евакуација „за излез на цивили“.

Меѓутоа, подоцна денеска, Министерството соопшти дека „ниту еден цивил не можел да ги напушти Мариупол и Волноваха по најавените безбедносни коридори“, тврдејќи дека цивилното население во градовите било „држано од националистички формации како жив штит“ во соопштението објавено од руската новинска агенција ТАСС.

„Обвинувајќи ја Украина за прекршување на договорот, Русија најверојатно се обидува да ја префрли одговорноста за сегашните и идните цивилни жртви во градот“, се вели во соопштението на британското Министерство објавено на Твитер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕФЈ: Србија бележи рекордни прекршувања на слободата на медиумите

Tea Dimkovska

Уставниот судија Гоце Наумовски поднесе оставка

Kristina Kuzmanovski

Повеќе од 250 доброволни пожарникари подготвени за справување со летните пожари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе