Вести Економија Најважни

Растот на пензиите два пати годишни – условен од растот на просечната плата и трошоците за живот

По две рунди преговори падна договор. Македонските пензии ќе се зголемуваат по швајцарски модел два пати годишно. Растот на процентот ќе биде условен од растот на просечната плата и трошоците за живот, соопшти премиерот Димитар Ковачевски по втората средба со претставниците на сојузот на пензионерите и нивната партија.

Претставниците на пензионерите се задоволни од одлуката со коментар дека владата повеќе нема да одлучува за нивните пензии туку постојан механизам.

Но, колкава ќе биде стапката на покачување никој од напред нема да може да знае со оглед дека просечната плата и трошоците за живот постојано се менуваат така што останува непознато и колкав финансиски товар ќе биде тоа за буџетот.

Освен покачување повеќе од 300 илјади пензионери ќе добијат и надоместок од по илјада денари во наредните три месеци како мерка за ублажувањето на енергетската криза.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе