Вести Економија Македонија

Стивна паниката на бензиските станици низ земјава

По вчерашната инвазија на бензиските станици во земјава  – од утринава  паниката стивна. Состојбата е нормализирана и ги нема редиците возила кои со часови чекаа да наполнат гориво.

Граѓаните вчера испратија претставки до Регулаторната комисија и Пазарните инспектори дека одредени мали трговци со нафта ги ограничиле количините  на горива кои  можат да се наточат во резервоарите, и шпекулацирале дека ќе нема гориво и цените ќе растат. Но при вонредните контроли во текот на целата нок  – пазарните инспектори не затекнале неправилности. Инспекциите продолжуваат и денеска- од пазарна потсетуваат дека казните за нечесните трговци изнесуваат 5.200 евра.

Ние имавме дојава за бензински пумпи две во Скопје, во делот на Тетово и во Битола. Немавме точно прецизно, претставката беа Битола, околината на Тетово, Скопје каде што со излегувањето на ДПИ сето тоа се надмина.- Анета Симеска Димоска, директорка на ДПИ

И покрај контролите на инспекторите- сепак нашите камери денеска на терен забележаа чудно однесување од одредени мали трговци со нафтени деривати во околината на Скопје. Затекнавме бензиска станица која не точеше никакви горива. Но и таква на која стоеше известување дека не точи дизел гориво.

Владата и надлежните институции  уверуваат дека нафтени деривати има. Апелираат  граѓаните да не дигаат паника. Регулаторна се закани дека компаниите кои ги ограничуваат количините на горива кои можат да се наточат во резервоарите – може да останат без лиценци. Ги нарекоа воени профитери, малите трговци кои се обидуваат да креираат вештачки недостиг на залихи и ја ограничуваат продажбата на горива.

Уште еднаш сакам да потенцирам, во ниту еден момент не било доведено во прашање снабдувањето со нафтени деривати во државата. Апсолутно се обезбедени количините на нафтени деривати и трговците непречено си ги обезбедуваат. Ние издаваме лиценци за трговија со нафта и нафтени деривати на големо и таму каде што ќе добиеме информација од ДПИ дека е прекршен законот во тој случај апсолутно ќе започнеме постапки за одземање на лиценци бидејќи ова е недозволиво однесување. изјави Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Со реакција излезе и најголемата нафрена компанија во земјава Макепетрол. Ги уверуваат граѓаните и компаниите дека и покрај тешките условиза работа  предизвикани од глобално-политичката ситуација – ќе нема застој и рестрикции во снабдувањето.

Имајќи ја во предвид долгогодишната традиција и професионални капацитети, компанијата и во овие особено тешки и комплексни услови ќе продолжи да работи без застој и рестрикции, со цел и граѓаните и компаниите без проблеми да функционираат.  „Макпетрол“, сепак, потсетува дека набавката на гориво во буриња, канистри, канти и други садови е спротивно на законските реулативи, бидејќи несоодветното складирање и чување на горивата може да предизвика опасни ситуации по животот на луѓето, како и загадување на околината.- соопшти Макпетрол.

Нова одлука за цените на горивата ќе има во понеделник. Од Регулаторна не откриваат каква ќе биде – не биле стигнати сите  податоци- но  сепак на берзите имало раст кај речиси сите параментри кои влегуваат во пресметката за цените на горивата кај нас.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе