Вести Економија Македонија

Никој од Србија не побарал пченка и пченица за стоковите резеви – количините кои ги кажа Вучиќ најверојатно се за приватните млинови, тврдат наделжните

Никој од државава не побарал, туку  српскиот претседател Вучиќ на своја добра волја одлучил Србија да ни испорача 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка – најверојатно мислел за потребите на приватните млинови. Ова излегува од одговорите на државните институции кои денеска цврсто се на ставот дека не побарале помош од Србија, дека стокови резерви има доволно и дека нема потреба да се активираат.

Директорот на Агенцијата за стокови резерви Абдурахмани за Телма потврди дека  имаме доволно резерв – сите стоки се со добар квалитет и се чуваат на соодветно место. Вели нема потреба да се активираат резервите бидејќи цените глобално растат не само кај нас. Количините не ги открива- оти се класифицирана информација.

Агенцијата за стокови резерви ги има сите видови и количини стоки кои се предвидени со закон. Стоките од стоковите резерви се со добар квалитет и добро и на соодветно место се чуваат. Редовно правиме контроли и за квалитетот и за квантитетот. Не можеме да го спечиме тој ценовен бран ако ги пуштиме во употреба. Ќе ги потрошиме овие што ги имаме после со која цена ќе набавиме. Ќе ја олесниме состојбата за толку време што имаме, после што ќе правиме и без резерви и без пари. Кој вика дека не сме набавиле. Количини имаме доволно. Не верувам дека ќе се пуштат во употреба овие резерви- вели Абдурахмани.

Од владата тврдат дека количините кои ги спомена вчера Вучиќ не се за потребите на државата односно за стоковите резерви – туку најверојатно се за приватните млинови. Потенцираат дека во домашните млинови има залиха од 45.000 тони пченица, кои се доволни да се задоволат потребите на домашниот пазар до следната реколта.

Споменатите количини се во годишните планови на стопанските субјекти, кои им се планирани да ги увезат до почеток на жетва со цел како и секоја година да бидат покриени потребите на домашниот пазар, не за потребите на државата или стоковите резерви.- велат од Владата.

Од кабинетот на  Претседателот Пендаровски велат официјално барање до Србија не е поднесено. Претседателот на неодамнешната средба со српскиот министер за надворешни Никола Селаковиќ, само разговарал за можноста во случај на потреба од дополнителни количини на пченица, дали Србија би дозволила извоз, со оглед на воведената забрана за извоз од таму.

Официјално барање од страна на Кабинетот на претседателот не е поднесено, но ја поздравуваме искажаната волја на српскиот претседател Александар Вучиќ за можна испорака, доколку има потреба на пченица во Република Северна Македонија. – велат од кабинетот на претседателот пендаровски.

Вучиќ пак вчера во вонредното обраќање до јавноста потенцираше дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.

Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас-изјави Вучиќ.

Инаку годишните потреби на земјава за пченица се околу 300.000 тони. Околу 250.000 ги произведуваме, а лани увозот бил околу 60.000 тони, најмногу од Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе