Вести Економија Свет

Московската берза не е отворена веќе три дена

Московската берза е затворена трет ден по ред, соопшти Руската централна банка.

Берзата воопшто не се отвори оваа недела откако Западот воведе строги санкции, што доведе до рекордно ниски нивоа на руската рубља и остар скок на каматните стапки.

Сепак, руската централна банка објави дека оваа недела за прв пат ќе дозволи ограничен број трансакции.

Да потсетиме и дека рускиот претседател Путин синоќа донесе одлука од земјата да не бидат изнесени повеќе од 10.000 долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

“Здрава котлина” со остра реакција на одлуката на Вишиот управен суд: “Отворивте војна со народот”

Дејан Дејан

Ацевски: Ревизии и во останатите друштва во кои државата е доминантен сопственик, состојбите се слични како во работењето на Државна лотарија

Sasko Dimovski

„Не за нова дозвола на Усје по стари правила“ – протест на граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе