Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка – кажа Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, јави дописникот на МИА од Белград.
Ние денеска ги добивме потребите на Северна Македонија, тие од нас побараа да им испорачаме 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка и тоа можеме веднаш да им испорачаме, немаме проблем во врска со тоа. Тие купуваат пченка од нас и секогаш ќе имаме и за регионот, и за нас, и за Северна Македонија, и за Црна Гора, и за Албанија, и за БиХ, изјави Вучиќ.
Тој кажа дека Украина и Русија се вкупни извозници на пченка од 29 отсто на светската производство, за што има големи нарушувања поради воениот конфликт.
Рече дека Србија има доволно количини на пченка, за брашно тип 500, за леб и за сè друго и нема да го ограничи извозот.
Во овој момент нема да го ограничуваме извозот, ја следиме состојбата и подготвивме мерки да го ограничиме извозот на пчеката и пченицата на 20 отсто, доколку за тоа има потреба, но во овој момент за тоа нема потреба, кажа Вучиќ.
Од Владата нема официјлана информација дали и зошто била побарана помош од Србија, бидејќи претходно тврдеше дека стоковите резерви се полни и нема потреба од нивно активирање. По веста од Белград се огласи опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека Вучиќ открил дека Макеоднија нема стокови резерви на пченица, а дека на ова тие предупредувале дененови наназад. Опозицијата тврдеше дека нивото на стокови резерви е алармантно ниско и под законскиот минимум.
