Македонската кошаркарска репрезентација вечерва од 20 часот во А1 арената Борис Трајковски против селекцијата на Грузија ќе го одигра четвртиот натпревар во квалификациите за Светското првенство.
Нашата селекција и во овој дуел нема да настапи во најсилен состав, но за разлика од претходните дуели во тимот се враќа Ненад Димитријевиќ, а во тимот ќе бидат уште Андреј Магдевски и Андреј Андоноски кои ќе ги заземат местата на повредените Андреј Маслинко и Андреј Митревски и Павел Данаиловски.
На клупата повторно ќе седи Александар Јончевски кој ќе го води националниот тим во отсуство на Драган Бајиќ кој во вторникот имаше позитивен резултат на тестирањето пред патувањето за Тбилиси.
ФОТО: Игор Паневски