Голем верижен судир на неколку десетици возила, што се случи вчера на автопатот Белград-Нови Сад, на наплатната станица кај Стара Пазова, е снимен и од камера на дрон.
На видеото кое е објавено на Јутјуб се гледаат излетани возила и километарска колона која поради несреќата настанала во оваа лента од автопатот.
Како што објави Новости, во оваа сообраќајна несреќа загина едно лице, а најмалку шест лица се повредени, а се утврдува степенот на нивните повреди.
Засега не е позната причината за сообраќајната несреќа, но вчера на овој дел од автопатот имало густа магла, додека дел од возачите тврдат дека не била магла туку чад од блиската депонија.
