Вести Свет Топ вести

САД тврдат дека имаат нови докази за претстојниот руски напад врз Украина

САД располагаат со разузнавачки информации кои укажуваат дека на руските воени команданти им е наредено да извршат напад врз Украина, јави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на две официјални лица и трет извор со информации од американското разузнавање.

Разузнавањето за наредбите на Кремљ до руските тактички команданти и оперативци е еден од показателите што САД ги следат за да проценат дали подготовките за воена акција влегле во фаза на потенцијална инвазија.

Други показатели се електронското заглавување и големите сајбер напади – досега не е забележана вонредна активност во тие области, според некои извори.

Од друга страна, соговорниците на Си-Ен-Ен предупредуваат дека наредбите секогаш може да се отповикаат или дека тоа би можело да биде дури и контролирано објавување на дезинформации кои имаат за цел да ги збунат и да ги доведат во заблуда САД и нивните сојузници.

Според друг американски функционер, разузнавачките информации ги дознале минатата недела и ги информирале за тоа претседателот Џо Бајден и државниот секретар Ентони Блинкен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со ограничени резерви на гориво, девет авиони над Лондон во вонредна состојба, пренасочени и 14 летови

Kristina Kuzmanovski

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Левица се разобличени, не им поминува лошиот политички театар со кој го блокираат Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

СДСМ: Што работи Стоилковиќ како министер во Владата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе