13 плажи беа затворени по првиот смртоносен напад на ајкула од 1963 година кај Сиднеј, Австралија.
Пливач во Австралија почина откако вчера попладне беше нападнат од ајкула.
Полицијата затвори одредени плажи за кои издаде предупредување додека трага по остатоците од телото на починатиот пливач.
Од локалното население било побарано да не пливаат на плажите Бронте, Тамарама, Бонди, Куџи, Кловели, Јужна Марубра, Литл Беј, Малабар/Лонг Беј, Ла Перус, Ванда, Елуера, северна Кронула и Кронула.
Службеникот на брзата помош Лаки Фрахнан за пливачот кој бил нападнат од ајкули изјави: „Тој беше тешко повреден како резултат на нападот. Кога пристигнаа на местото на настанот, медицинскиот персонал не можеше ништо да направи“, рече тој.
Инцидентот е забележан како прв смртоносен напад на ајкула во водите на Сиднеј од 1963 година.
