Во близина на нашето подрачје се наоѓа влажен воздушен бран, па уште во текот на вечерните и ноќните часови ќе има продор и ќе донесе повремени локални врнежи од дожд и снег, особено на запад кои продолжуваат и во текот на утрешниот ден. Ќе дува мерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-4 Попова Шапка, Берово, -3 Kрива Паланка, -2 Претор, Битола, Прилеп, -1 Тетово, Охрид, Скопје-Петровец, Штип, Демир Капија, Дебар, Крушево, 0 Виница, Струмица, Куманово, 1 Скопје-Зајчев Рид, 4 Гевгелија, Дојран.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
28 Маврови Анови, 23 Попова Шапка, 11 Крушево, 6 Лазарополе, 5 Пожаране, 2 Ѓуриште.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/