Во пресрет на полуфиналните натпревари и мечот за петтата позиција, Омар Магнусон од Исланд е водечки на листата на стрелците со 49 гола во седум настапи. Веднаш зад него, но сега веќе без шанса за подобрување на учинокот е Полјакот, Аркадиуш Морито со 46 додека на третото место е Каи Смитс од Холандија, кој исто така нема шанса да го зголеми контото.
Прв кој може да го загрози Магнусон е Хампус Ване. Швеѓанецот до крајот на првенството има уште два натпревари во моментов со 41 гол е на делба на четвртата позиција. Во трката може да се вклучи и Микел Хансен кој до сега на турнирот има 39 погодоци.