Економија Топ вести

Уште пет дена важат „замрзнатите“ цени на храната – владата размислува дали да ја продолжи

На пет денови пред да прекине важноста на одлуката со која под „мраз“ се ставија цените на неколку основни прехрамбени производи – од владата без одговор дали ќе ја продолжат или ќе интервенираат со други мерки. Дека е краткорочна мерка која не е добро да се продолжи алармираат и бизнисмените и експертите. Порачуваат да се размислува за други мерки како таа за интервенција од стоковите резерви.

Станува збор за краткорочни мерки, значи не може истите на долг рок да обезбедат одржување на цените на некое стабилно ниво, затоа што доколку нема дополнителни активнисти ќе се соочиме со недостаток или празни рафтови за одделни производи каде што нели трошоците се повисоки од лимитираната цена. Доколку нема пораст на платите јасно е дека граѓаните ќе го почувствуваат ова покачување на цените како неизбежно намалување на нивниот животен стандард, вели универзитетскиот професор Зоран Ивановски.

Според експертите, владата нема многу механизми за справувење со инфлацијата. Велат време е по примерот на другите земји да се вклучи Народната банка. Еден од инструментите е „ поскапување на парите“ односно раст на основната каматна стапка.

Може полека да се очекува, бидејќи тоа го најавуваат и другите централни банки полека заострување и затегање на монетарната политика и благо покачување на каматните стапки. Ова ќе предизвика сепак дополнителен притисок на цените како и да е ќе има и добри и лоши страни, особено ќе бидат погодени оние кои се корисници на кредити со променлива каматна стапка затоа што нивната оптовареност и обврска ќе се зголемува, вели професорот ивановски.

Од Народната банка пак смируваат. Нема потреба од промена во основната стапка. Но има потреба од будно следење на состојбата.

Доколку растот на цените е од продолжен карактер и позначително влијае на инфлациските очекувања, Народната банка е подготвена за соодветна реакција со инструментите со кои располага, соопштија од НБРМ.

Владата „под мраз“ ги стави цените на лебот, шеќерот, брашното, маслото за јадење, млекото, свежото месо и сувомесни производи, сирењето и урдата. А потоа и на јајцата, оризот и тестенините. Одлуката ја донесе  на почетокот на минатиот месец, а важи до понеделник.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Во ниту еден момент не сум побарал дозвола од Трамп да го нападнам Иран

Sasko Dimovski

Се обидел да изнуди 35.000 евра од повозрасна жена со лажна приказна дека ќерка ѝ треба да се оперира во Италија – полициjата го уапси

Дејан Дејан

Бугарското МНР се дистанцира од скандалот со објавувањето на дипломатската нота поврзана со семејството на премиерот Мицкоски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе