Шеесет и две македонски компании воопшто не исплатиле К-15 или исплатата на регресот за годишен одмор бил во износ од 100 или 500 денари. Работниците пријавите ги доставиле до „Гласен Текстилец“, кој потоа ги проследува до Инспекторатот за труд.
Според нивните податоци 46 македонски компании воопшто не исплатиле, уште 16 фирми само делумно го исплатиле К-15. Фирмите се од текстилната и кожарската индустрија, но има и приватни здравствени установи, карго услуги, автошколи, фирми кои се занимаваат со угостителски дејности, продавници и казина.
Посочи дека фирмите кои константно го кршат Законот за исплата на минималната плата наместо прекршочни треба да добиваат кривични пријави.
Ампева вели дека сегашните глоби во Законот за прекршоци се прениски и тоа за фирмите што со исплатата на плата доцнат со месеци. Испратиле барање до Инспекторат за труд за една компанија, што според „Гласен Текстилец треба да биде пример за останатите дека треба да се почитува Законот.
Според неа очекувано беше да се оспори законот за недела неработен ден. Очекува работничките права да се подобрат со новиот Закон за работни односи на кој се чека веќе три години,
Викторија Јованова
