Вести Македонија Најважни

Прешевската „Беса Транс“ исчезна од „Фејсбук“ по сторијата на Телма

Прешевската „Беса Транс“ кој што организираше Божикни туристички тури во Истанбул за македонски граѓани исчезна од социјалната мрежа „Фејсбук“ веднаш отлкако Телма ја актуелизираше темата но и евентуалната поврзаност со истоимената  „Беса Транс“ од Скопје во чиј автобус настрадаа 45 патници.

Доколку ја пребарате прешевската „Беса Транс“ на „Фејсбук“, резултататот ќе покаже дека таква страна не постои, но директниот линк со скопската „Беса Транс“ сеуште стои на социјалната мрежа.

А прешевската „Беса Транс“, која ја немаше во српскиот централен регистер, нудеше аранжмани за само 79 евра од 6 до 13 јануари со две ноќевања и три ноќи во градот на Босфор.

Најсимптоматично е што тргнувањето беше од Скопје, Тетово и Гостивар а се плаќаше на самото поаѓање.

Кога „Телма“ се обиде да резервира аранжман контактот наведен на страната се предомисли и кажа дека патувањето се откажува.

Телма стапи во контакт со сопственикот на „Беса транс“, Беким Хаџиу, кој децидно тврдеше дека нема никаква врска со прешевската компанија и дека името на фирмата е многу често во албанските средини.

Тој не даде објаснување зошто линкот на социјалната мрежа водеше до неговата компанија но и не откри кога ќе се врати во државата.

А извори на Телма го тврдат спротивното.

Прешевската „Беса Транс“ е сопственост на Хаџиу, исто како и две други компании кои се неодамна формирани, „Ројал Травел“ и „Алди транс  Шкуп“. Според достапните информации како сопственик на „Ројал Травел“ се јавува жител на Рашче, соселанец на Хаџиу, а фирмата е регистрирана на 28 декември минатата година додека за Алди транс нема никакви информации кај надлежните а посред податоците на социјалната мрежа, страната е креирана на 10 декември.

А автобусите и комбињата на „Беса Транс“ стојат паркирани во скопско Рашче. Она што може да се забележи е дека повеќе не се брендирани, не стои натписот на агенцијата и им се извадени регистерските таблички.

Граѓани за Телма тврдат дека неколку комбиња, кои не се брендирани, а се сопственост на Хаџиу сеуште вршат транспорт на патници, локално од Рашче до Бит Пазар и назад.

Ова небрендирано комбе се паркираше малку над џамијата во Рашче, а потоа ги превезуваше патниците по редовната рута до Бит Пазар и назад по која возат останатите превозници.

Она што јасно упаѓаше во очи е дека освен ова комбе кое немаше никакви ознаки на него, сите други кои превезуваа патници беа брендирани и на нив јасно стоеше името на компанијата.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе