Вести Најважни Свет

Ѓоковиќ останува „заглавен“ на аеродромот во Мелбурн до понеделник

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, ќе остане во имиграцискиот хотел на аеродромот во Мелбурн до понеделник, кога судот ќе одлучува за тоа дали ќе остане и ќе учествува на тенискиот турир Австралија Опен за да ја брани титулата. Неговите адвокати поднесоа жалба на одлуката на австралиските власти кои го одбија неговото барање за виза, откако од органиазаторите на турнирот му беше одобрено да учествува и покрај тоа што не е вакциниран против ковид 19, што е главен услов за влез во земјата. Тој доби дозвола за медицинско изземање од вакцинирањето, но министерот за здравство Грег Хант кажа дека не успеал да го поткрепи со добар доказ. А премиерот Скот Морисон изјави „правилата си се правила“.

Ѓоковиќ слета во Мелбурн вчера пред полноќ по локално време и потоа со часови беше држан на аеродромот поради погрешно пополнето барање за виза, а му беше одземен мобилниот телефон.
Српскиот тенисер не го соопштил никогаш својот вакцинален статус, но неодамна зборуваше дека „е против вакцините“.
Одлуката да му се дозволи влез во Австралија и учество на турнирот на светскиот тенисер предизвика бура од реакции кај Австралијанците. Сметаат дека изземањето на Ѓоковиќ не е фер и не е во ред за сите жители на Австралија кои со недели беа во карантин, не смеат се уште да патуваат од една во друга сојузна држава, и мора да живеат со едни од најстрогите ковид правила во светот.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Хрватска може да и биде пример на Македонија за да оди по брзиот пат кон ЕУ

Дејан Дејан

Во БИХ уапсени три лица кои барале пари во замена за информации за исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ

Дејан Дејан

Малолетник нападнат од неговите соученици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе