Вести Македонија Најважни

Се чешла документацијата на лаборатории во Гевгелија и Дојран за лажни ковид сертификати

Полицијата од Гевгелија и Одделот за криминалистичка полиција вчера извршиле претрес во три правни лица поради наводите од грчките медиуми дека во дојранските казина се врши кривично дело фалсификување на Ковид сертификати. Одземена е службена медицинска документација за извршени тестирања за присуство на Ковид-19, направени на лица претежно од странство. Документацијата ќе се предаде на Основното јавно обвинителство Гевгелија за натамошно постапување.

Одземен е електронски дневник (книга) на издадени сертификати за периодот од 19 декември 2021 до денот на претресот, а исто така извршени се службени разговори со две лица. При претресот извршен е увид и преглед во компјутерската евиденција (списоци на грчки државјани кои се пријавиле за тестирање) на правното лице, како и во просториите на „импровизираниот“ медицински пункт во казино во Стар Дојран, соопшти МВР.

Од Државниот здравствен и санитарен инспекторат велат дека досега немале пријава за ваков случај во Дојран, но затоа лани постапиле по слична пријава во мотел во Гевгелија.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп се откажа од 20-процентната такса за бродовите во Ормускиот Теснец

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе