Вести Македонија Најважни

Беким Хаџиу газдата на „Беса транс“ за Телма: Немам врска со „Беса Транс Прешево“ ниту организирам тури за Истанбул

Немам никаква врска со Беса Транс од Прешево, не сум сопственик на други фирми и воопшто не организирам тури за Истамбул – тврди за Телма сопственикот на Беса Транс од Скопје, Беким Хаџиу, агенцијата во чиј автобус пред месец и половина во Бугарија животот го загубија 45 македонски граѓани. Тој е под истрага од бугарските истражни органи, а откако се појави  само на бугарските медиуми, сега за прв пат дава изјава за македонски медиум. Вели дал исказ и во нашето обвинителство, кое пак испитува дали има вина кај нашите институции, бидејќи автобусот на „Беса транс“ 120 пати минал граница, но со лажни документи. Како дошол до фалц документи, дали и кој потплатувал за неговите автобуси легално да преминуваат граница, не открива- не упати на неговиот адвокат. Не откри ниту дали е во земјава или во странство, откако по несреќата не се врати тука туку престојуваше во Бугарија .

Не е точно значи, воопшто нема врска бизнисот со Прешево. Значи има Беса Транс ако гледаш гугл или каде било има куп Беса Транс. Има и од Тетово има и од Косово има и од Албанија сегде има. Воопшто не продолжуба, Беса Транс не работи воопшто лиценците чим ги нема и нема намера да работи.

Ако имате некакви информации дека Беса Транс Скопје дава информации дека работи со Истанбул или негде друго тогаш може да давате инормации какви било, меѓутоа Беса Транс Прешево нема врска со Беса Транс Скопје, вели Беким Хаџиу.

  • А дали имате други фирми на ваше име и на ваши блиски.. Не . Се спомнува Ројал травел и други агенции — Не не не се точни воопшто тие информации

Но она што е најсимптоматично е што трагата на Беса Транс Прешево која како што објави Телма организира Божиќна тура за Истанбул и за македонски граѓани води до Беса Транс Скопје. На официјалната фејсбук страница стои дека дека прешевската Беса е всушност претставништво на скопската во Прешевската долина. Страницата е отворена на 28 август и ја менаџираат две лица од  Македонија и едно од Србија. И токму после несреќата во Бугарија претставник на Беса од Прешево дал изјава за Фолонлајн, медиумот кој наведува дека таа агенција е филијала на агенцијата во Скопје и кажува дека во автобусот немало патници од Прешевскаат долина.

Но, надлежните институции ниту слушнале ниту знаат, а ниту проверуваат дали станува збор за истите автобуси и истиот газда.

Инспекторатот за транспорт  уште не успеал да влезе во седиштето на Беса Транс во Рашче  но и се откажал, бидејќи на агенцијата и биле одмени лиценците за превоз на патници и дома и надвор и е затворена. Но,затоа пак Беса Танс се уште има трајна А лиценца за вршење на туристичка дејност. Министерот за економија Крешник Бектеши не можел да му ја одземе оти ниту Пазарните инспектори на три пати не успеале да влезат.

Државен пазарен инспекторат во неколку наврати при контрола се соочил со затворени простории за да се изготви Записник  врз основа на кој министерот за економија ќе донесе Решение за одземање на истата. За Работата на Фирмата Беса Транс во моментот се водат судски процеси, истата не може да обавува дејност и сите Договори кои ги имал во моментот не се важечки. Во моментот Агенцијата е затворена и истата не може да обавува дејност како туристичка агенција.- тврдат од Министерствоот за економија

Од  економија  велат дека Беким Хаџиу не се јавува како сопственик во ниту една друга агенција во земјава, а немаат податоци за во друга држава. Но граѓани кои сакаа да останат анониоимни за Телма го тврдат спротивното.

Објавата дека Беса Транс од Прешево организира тури за турција е точна и се работи за истиот газда. Тој има отворено и други фирми и агенции со друго име, Берса транс прешево, Ројал Травел Скопје, Алди Транс Шкуп. Еве веќе две недели откако организира тури и информацијата е 100 проценти точна, оти јас сум од тој терен – тврди анонимен граѓанин.

Прешевската Беса Транс патувањето кон градот на Босфорот за македонски туристи го нуди за 79 евра. Почнува денеска и трае до 13-ти. Поаѓањата се од Тетово Гостивар и Скопје. Речиси со исти понуди се јавува и агенцијата Ројал травел која ја има и на Косово, но и кај нас. Формирана е пред неколку денови на 28 декември. Во централниот регистар како сопственик се води друго лице, а не Беким Хаџиу. Но, иако на големо нуди тури за Истамбул, таа не  постои како туристичка агенција во земјава. Од Министерството за економија велат немаат податоци за Ројал Травел и таа н ее регистрирана во регистарот на туристички агенции.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шекспир и Сервантес во фокусот на Денот на книгата во Скопје – предавања на евроамбасадорот Гир и шпанскиот амбасадор Гарсија на Филолошки

Дејан Дејан

Врховен во четврток со втора јавна седница по жалбата на Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања

Дејан Дејан

ДИК: Мирен изборен ден, гласаа 94 отсто од болните и изнемоштени лица, до 17 часот и над 50 отсто од пријавените во дијаспората

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе