Вести

Беса транс од Прешево носи македонски туристи на Божиќна тура за Истанбул

Беса Транс, но сега туристичка агенција од Прешево организира Божиќни тури за Истанбул и за македонските граѓани.

За само 79 евра нуди аранжман од 6 до 13 јануари со две ноќевања и три ноќи во градот на Босфор. И она што е најсимптоматично – тргнувањето е од Скопје, Тетово и Гостивар.

„Телма“ се обиде да уплати аранжман за ова патување кое почнува утре за да дознаеме од каде „никна“ оваа агенција на социјалните мрежи  која го има истото име со нашата агенција  Беса Транс- која го организираше кобниот пат за Турција во кој животот го загубија 45  граѓани.

Ниту надлежните слушнале, ниту знаат дали се работи за иститите автобуси и истиот газда  – Беким Хаџиу кој по несреќата е надвор од државата. Него го испитуваат бугарските истражни органи.

Потрагата која е  агенција од соседството тргна од дома. Се јавивме во Беса Транс во Скопје.

По повеќе обиди се јави женски глас кој не уверуваше дека не работат и тие не ги организираат овие тури.

Истото го тврди и инспекторатот кој се уште не успеал да влезе во седиштето на агенцијата  но и се откажал, бидејќи на агенцијата и се одземени лиценците и е затворена – тврдат од инспекторатот.

Од таму убедуваат дека странска агенција не смее да зема патници од земјава, а тоа требало да го контролира полицијата и царината.

Дека домашната агенција нема лиценци потврдија и од  Министерството за транспорт.

Министерството за транспорт ја  одзеде комплетно дозволата  за работа на компанијата и таа има забрана за вршење на дејност во внатрешен и меѓународен транспорт на патницивелат од транспорт.

Се јавивме на броевите на Беса Транс од Прешево. Машки глас кој тврдеше дека тој е газда на агенцијата без проблем почна да ни продава карти за аранжманот.

Кога прашавме кај да платиме- кажа во автобусот на тргнување. Објасни дека автобус ги носи патниците од Македонија до граница. Кога прашавме со чии автобуси дали македонски или странски, не ни одговори конкретно.

И требаше да ни даде контакт од лице во Македонија кое може се да ни објасни и да ни даде карти.

Но откако се јавивме повторно за контактот од Македонија, првото прашање беше да не сме истражни органи.

Па веднаш потоа  газдата го промени ставот- пријателот му кажал дека не смее да вози македонски туристи на наша територија, поради царината и полицијата и дека патувањето пропаѓа. И така ние сме биле првите кои сме се јавиле од Македонија.

И по речиси два месеци бугарските истражители не излегоа со конкретен виновник за несреќата. Нашите пак испитуваат дали има вина кај нашите институции, бидејќи кобниот автобус на „Беса транс“ 120 пати минал граница, но со лажни документи.

Се уште се работи, се прибираат материјални докази во предметот и се утврдува фактичката состојба за евентуална кривична одговорност. Во интерес на постапката што се се презема како истражни дејствија, детали не може да се споделат со јавноста – велат од ОЈО.

Која е Беса транс од Прешево, има ли поврзаност со македонската  во чиј автобус на бугарска територија починаа 45 наши граѓани, за сега не никој не знае.

Во српскиот централен регистар не успеавме да ја најдеме оваа агенција.  Инаку тргнувањето за Истамбул  барем според она што е објавено на Фејсбук страната е утре.

Се тргнува во 15.30 часот од  Гостивар, во 16.30 од Тетово и во 18 часот треба да е качат патниците од Скопје.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Кривична пријава за градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш

Дејан Дејан

Пендаровски: Најмалку тројца владици во Синодот на МПЦ под руско влијание, но немаме докази дека се шпиони на руската федерална служба

Дејан Дејан

Пендаровски: Го вратив законот за игри на среќа, ЕУ децидно ми кажа – „нема ниту една европска директива за која го врзувате, европското знаме е злоупотребено“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе