Со песна, разиграно и мисла што се можеме во Новата година да ги оставиме сите лоши случувања зад себе. Врвулица од луѓе по Камениот мост кон градскиот плоштад и од различни страни на градот токму на неколку минути пред полноќ да ја дочекаат Новата година со своите пријатели, но и можност за нови пријателства затоа што пандемијата не научи колку значи здравјето во ова време невреме и да се радуваме на средбите за убави нешта. Дури и тогаш кога не можеме да бидеме заедно со една фотографија да споделиме радост и да кажеме колку некој ни недостига.
Никому не беше лесно, меѓутоа мислам дека се изборивме. Пандемијата е глобален проблем и мислам дека ќе испливаме. Сега со таа песна ќе отворам, со „Бестрага“, ќе ја ишутираме старата во бестрага и одиме позитиво, порача никола перевски од Нокаут.
Станавме свесни колку има вистина во само навидум детските зборови „Секое патување, ново доживување“.
Повеќе весели моменти, здравје среќа и повеќе патувања. Мислам дека ни фалат патувањата, сите заглавивме оваа година. Се надевам границите ќе се отворат и особено ние младите повеќе ќе патуваме, посака еден граѓанин.
Додека граѓаните се подготвуваа за дочекот на Новата година и улиците полека се испразнуваа за да се испрати старата доктор Илир Демири и доктор Месут Хасипи беа со своите пациенти и персоналот на Инфективната клиника. За нив годината беше навистина тешка борејќи се за секој човечки живот. Тие имаат едена желба здравјето на луѓето и што поскоро да се стави крај на пандемијата. Сепак тоа не зависи само од нив.
Има во континуитет прегледи се трудиме да сме исполнителни и иако е Нова година ќе славиме утре. По што ќе ја паметите годината која изминува? По големиот број пациенти, доста излечени, но за жал и доста изгубени животи. Се надеваме тоа ќе биде поука луѓето да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство, рече д-р Демири.
Во секоја професија има моменти и предизвици во кои се преиспитувате дали сте го направиле вистинскиот избор, кога треба да се откажете од многу нешта. За екипите на терен на МВР и за здравствените работници таква дилема нема и оваа новогодишна ноќ .
Секако тоа е момент каде голем дел од полициските службеници не само за Новогодишните, Божиќните, Велигденските и другите празници кои се слават, се на терен и не се со своите најблиски, меѓутоа тоа е дел од професијата која е одбрана и која што ние како полициски службеници мораме да ги браниме боите на самата полициска униформа, рече Љупчо Ѓурчевски, командир на полициска станица Центар.
И кога многумина ќе речат „Секоја планина со својата тежина“, нашите соговорници ќе порачаат дека има планини и тежини кои мораме заедно да ги премостиме за тешките моменти и справувањето со пандемијата да бидат зад нас и да им се радуваме на „малите нешта“ кои живот значат.
Нина Стефанова
