Вести Македонија Најважни

Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски

-Врз основа на членот 84, став 1, алинеја прва од Уставот на Република Северна Македонија и известувањето за предлогот за мандатар доставено од СДСМ, а поддржано од политичките партии во состав на коалцијата кои заедно го имаат мнозинството пропишано со Уставот во Собранието, за мандатар за состав на владата го определувам Димитар Ковачевски, рече Стево Пендаровски, Претседател на РСМ.

Ковачевски порача дека уште од денес ќе започне со консултации за новиот владин кабинет со луѓе кои ќе треба да одговорат на сериозните предизвици кои следат : економската криза, Ковид пандемијата, решеавање на спорот со Бугарија. Вети дека негова лична заложба ќе биде враќање на довербата на граѓаните во институциите, чесно и одговорно владеење.

На Ковачевски му остануваат 20 дена за состав на новата програма и владиниот кабинет, но според неговите проценки предлогот до Собранието ќе се достави и порано од законскиот рок, веднаш по божиќните празници.

Очекувањата се собраниската седница за изборот на новата Влада да се одржи најдоцна до средината на јануари. Расправата трае два дена. Во однос на министерските позиции нови имања се очекуваат од СДСМ, кај ДУИ нема да има промени освен што тие го добиваат секторот земјоделство а на Алтернатива и го отстапуваат информатичко општество и администрација.

Паријата на Гаши ќе има и министри за здравство и без ресор задолжен за дијаспората.Новата Влада има парламентарна поддрѓка од 64 пратеници.

Јулијана Пешевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе