Минатата недела, во Нигерија беше споделена видео снимка на жена од армијата која прифаќа предлог за брак.
Бројни корисници на социјалните мрежи испратија честитки за парот.
Но, овој настан не наиде на позитивен одговор од армијата.
Портпаролот на нигериската војска рече дека жената го прекршила армискиот кодекс на однесување и политиката на социјалните мрежи со тоа што „паднала во романса додека била во униформа“.
Жената војник служела како дел од задолжителна програма за дипломирани студенти, но истата е уапсена поради тоа што прифатила понуда за брак.
Поранешниот нигериски претседателски кандидат Омојеле Соворе ја опиша практиката на војската како „мизогинска“.
