Вработените во белгискиот авиопревозник Брисел ерлајнс стапија во штрајк барајќи подобрување на работните услови.
На повик на различни синдикати, пилотите и кабинскиот екипаж на Брисел ерлајнс започнаа 24-часовен штрајк.
Поради штрајкот на почетокот на божиќниот празник, кој е еден од најфреквентните периоди во годината, откажани се половина од планираните летови од бриселскиот аеродром.
Во заедничкото соопштение на синдикатите во врска со штрајкот, беше наведено дека раководството на Брисел ерлајнс не ги почитувало периодите за одмор на вработените, го нарушило балансот помеѓу работата и животот и планирањето на летовите било многу тешко.
Во соопштението во кое се бара итно подобрување на условите за работа, се истакнува дека раководството не ги испочитувало договорите и покрај пожртвуваноста на вработените поради епидемијата на коронавирус, продолжуваат отпуштањата и кратењето на платите.
Брисел ерлајнс почна да доживува финансиски тешкотии поради епидемијата. Добивајќи финансиска поддршка од белгиската влада, Брисел ерлајнс најави дека ќе ја намали својата флота и ќе го намали бројот на вработени.
Брисел ерлајнс кој дел од Луфтханса Групацијата има околу 3.300 вработени и 38 авиони.
