Вести Магазин

Маск: Ќе платам повеќе од 11 милијарди долари данок оваа година

Првиот човек на Тесла Илон Маск вели дека ќе плати околу 11 милијарди долари даноци оваа година.

„За оние кои се прашуваат, ќе платам повеќе од 11 милијарди долари данок оваа година“, напиша Маск на Твитер.

Пред неколку дена, демократската американска сенаторка Елизабет Ворен на Твитер изјави дека Маск треба да плаќа даноци, потсетува Ројтерс.

Маск одговори велејќи дека „ќе плати повеќе даноци оваа година од кој било Американец во историјата“.

Маск е најбогатиот човек на светот, а во последните неколку недели продаде акции на Tesla во вредност од речиси 14 милијарди долари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Израел извршил нови воздушни напади врз Кан Јунис, Нусејрат и Џабалија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе