Пандемијата и пиротехниката не одат заедно, одлучи Германија втора година по ред кога Горниот дом на парламентот донесе мерка со која се забранува продажба на пиротехнички средства за новогодишната ноќ.
Германија е во средината на четвртиот бран на пандемијата на Ковид-19, а министерот за здравство е загрижен дека ќе има и петти. Ова може да доведе до наплив на пацинети, а болниците нема да имаат време да се справат со повредите предизвикани од пиротехнички средства.
Многу Германци уживаат во огномет за да ја испратат старата и да влезат во новата година, а цели населби се претвораат во пиротехнички шоуа.
Но, противниците на огнометот велат дека станбените области стануваат се повеќе како воени зони, а лекарите укажуваат на редовно зголемување на повредите предизвикани од пиротехнички средства. Ова најчесто се случува кога петардите експлодираат во раце или во близина на други луѓе.
„Болниците и медицинските лица се под голем притисок со месеци поради пандемијата“, рече министерката за внатрешни работи Ненси Фезер минатата недела. „Сега сакаме да спречиме дополнителен стрес, како и какви било итни случаи што може да се избегнат.
Но, критичарите велат дека луѓето ќе одат во соседните земји, како што е Полска, и таму ќе купуваат пиротехнички средства. Исто така, во овие земји одамна се достапни многу посилни пиротехнички средства од оние што се продаваат во Германија.
Германската царина во Франкфурт на Одра, град на полската граница, очекува до крајот на годината да се прошверцуваат 2,5 до 3 тони нелегален огномет.
Исто така, германското здружение за пиротехника проценува дека државата ќе загуби околу 122 милиони евра поради забраната за продажба на пиротехнички средства.
Иако оваа забрана важи само за деновите пред Нова година, здруженијата за заштита на животната средина и животните со години бараат општа забрана. Сметаат дека огнометот освен е опасен бидејќи предизвикува повреди, влијае и на загадувањето и постои ризик од пожар како и стрес за животните.
