Вести Свет

Столтенберг го отфрла рускиот предлог за безбедност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг се спротивстави на руските предлози НАТО да се откаже од проширувањето и да обезбеди воена помош за Украина, содржани во нацрт-безбедносниот договор. Тој ја даде изјавата во интервју за Le Journal du Dimanche, кое беше објавено денеска.

– Никогаш нема да направиме отстапки за безбедноста на нашите сојузници или правото на секоја нација, вклучително и Украина, да одлучува за својата судбина. Украина е суверена држава и има право да се брани, како што дозволува Повелбата на ОН. Таа има право да бара помош и не гледам како тоа и се заканува на Русија, која е агресор во овој конфликт, оцени Столтенберг.

Според него, одлучноста на Алијансата да го поддржи Киев се должи на забележаната „големо трупање вени сили“ на руска територија на границата со Украина. Столтенберг потсети дека во случај на агресија, Москва ќе се соочи со „економски и политички санкции“, а „воено тоа може да значи нова фаза на зајакнување на НАТО“ во земјите најблиски до Русија „од Романија до балтичките земји“.

– Помина година и пол откако руските дипломати последен пат стапнаа на прагот на Советот Русија-НАТО. Идејата за нова конференција на која ќе се разговара за областите на влијание во кои големите сили можат да контролираат што можат и што не можат нивните соседи „ќе не однесе назад, а тоа воопшто не е вистинската насока, рече тој.

Истовремено, Столтенберг зборуваше за продолжување на дискусиите за изнаоѓање начини за градење доверба меѓу Русија и Алијансата. Тој, исто така, повика на „зголемување на транспарентноста на вежбите, намалување на ризиците и тензиите и се што може да ги подобри односите“. Тоа, рече Столтенберг, може да се спроведе, но „не на штета на основните принципи на НАТО“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата скокна над 85 долари

Kristina Kuzmanovski

Вучиќ: Брисел треба да ги прими земјите од Западен Балкан заедно

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Изгласан ДУП-от за Барутана кој предвидува изградба на 24 хациенди на Водно

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе