Спорт Фудбал

Клубовите бараат суспензија на Премиерлигата до 7.јануари поради Ковид-19

Коронавирусот силно удри во Премиерлигата па веќе се зборува за целосно стопирање на натпреварите до почетокот на следната година.

Утринава Премиерлигата го одложи натпреварот помеѓу Лестер сити и Тотнем што беше закажан за вечерва поради Ковид-19. Во таборот на Лестер има голем број на позитивни случаи на вирусот, а истиот проблем минатата недела го имаше Тотнем. Одложен е уште еден од натпревар од англиската елита, а тоа е средбата помеѓу Манчестер и Брајтон што требаше да се одигра во сабота. Тоа е вкупно петти одложен натпревар оваа недела во Премиерлигата.
Челси е последниот тим, што пријави позитивни случаи на ковид во своите редови, а претходно тоа го направија вкупно пет клубови.

Последните информации од Англија велат дека клубовите планираат да побараат од Премиерлигата, натпреварите да бидат суспендирани додека се справат со Ковид-19, бидејќи секојдневно се појавуваат нови случаи.
Паузата би траела до 7 јануари идната година и би бил прескокнат традиционалниот „Боксинг деј“ или згуснатиот распоред на натпревари за време на божиќните и новогодишните празници.

Последниот клуб кој денеска пријави голем број на позитивни случаи на Ковид-19 во своите редови е Реал Мадрид. Покрај Лука Модриќ и Марсело, со вирусот се заразиле и Марко Асенсио, Родриго, резервниот голман Андреј Лунин и Герет Бејл.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Историска вечер за Модриќ – 200 натпревари во дресот на Хрватска

Sportska Redakcija

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе