Вести Магазин Македонија

Наместо во општина, за втор мандат бара одговор од тарот исцелителка- директорка на училиште во Бардовци преку српски фејсбук профил „конкурира“

-Ве молам за одговор дали ќе добијам втор мандат, (ставен и датум на раѓање), со вакво прашање пред два дена скопјанката Матилда Бајкова се обратила до астролог Мирјана Мирковиќ, ФБ профил, но договор не добила биту во стримот во живо на социјалната мрежа ниту под прашањето.

Јасновидката Мирковиќ требало да ги „сврти“ тарот картите за да ја види директорската судбина на скопјанката.

„Слободен печат“ објави дека станува збор за образовен работник, односно за директорка на основно училиште.

Таа наместо да се обрати во општина, во училишен совет или да ги подготвува документите за евентуален конкурс, одговорот за сопствената иднина и за иднината на децата на кои им е директорка во школо, сепак побарала помош во тарот картите и тоа во соседна Србија, преку социјална мрежа.

Бајкова е директорка на ОУ „Аврам Писевски“ во Бардовци, општина Карпош. Како што е познато, во оваа скопска општина има промена на градоначалничка позиција, претходниот Стефан Богоев се повлече од позицијата и не се кандидираше, а на функција се врати Стевчо Јакимовски од ГРОМ, кој на претходните локални избори беше поразен.

Во 2018-та, Матилда Бајкова ги пречекала и Богоев и Луиза Винтон, тогашната претставничка на ООН во Македонија, и некогашниот министер за земјоделие Љупчо Николовски во училиштето каде е директорка.

Бил презентиран проект со училишна градина, преку која децата требало да се информираат за растенијата и да научат повеќе за градинарски култури.

Директорката на училиштето во Бардовци, Матилда Бејкова тогаш напоменала дека градината е место каде децата ќе учат директно во природа и ќе ја градат својата свест за здравата храна.

-Сите ученици од ова училиште, освен што ја заштитуваат животната средина, се и претставници на иднината. Сите вредно работеа и таа пракса ќе ја продолжиме. Градината е поделена, а во жаридињерите ќе се садат зачински и билки за јадење, изјавила Бејкова, а кажаното е пренесено преку соопштение на општина Карпош.

Три години подоцна, директорката се уште чека одговор од српската јасновидка за нејзината функција и за вториот мандат. Нејзиното оригинално прашање е меѓу прашања на други клиенти на тарот картите, кои се интересираат дали ќе добијат алиментација од бившиот сопруг, дали ќе добијат трето дете, дали ќе завршат матура и слично.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Андов во разговор за КОД открива што се носел Палевски во неговиот куфер

Дејан Дејан

Македонија освои прво и второ место на Глобалната спортска роботска олимпијада во Грција

Дејан Дејан

Пожарникарите спасиле човек кој паднал во Драгор – можни одрони на патиштата по обилните дождови

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе