Спорт Фудбал

Елмас играч на колото во Лига Европа

Двојниот стрелец за Наполи на дуелот против Лестер, Елиф Елмас е прогласен за најдобар играч во последната рунда од второто по ранг европско клупско натпреварување.

Наполи во соочувањето со премиерлигашот забележа победа од 3:2, а два погодоци беа дело на македонскиот репрезентативец кој беше најзаслужен за пласманот во елиминациската рунда од Лига Европа.

Воедно Елмас стана првиот фудбалер на Наполи кој по пауза од скоро седум години на еден меч на два пати се запишал во листата на стрелците на некој од дуелите во европските натпреварувања, а претходно во соочувањето со московски Спартак го постигна вториот најбрз гол во историјата на Лига Европа.

Во првиот круг од ова натпреварување Елмас на шест настапи постигна четири гола и забележа една асистенција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе