Кошарка Спорт

Едно добро полувреме недоволно за сензација против Украина

Македонската кошаркарска репрезентација доживеа пораз на гостувањето кај Украина во рамки на квалификациите за Светското првенство. Доброто прво полувреме не беше доволно да направиме изненадување во Киев.

Играта на Македонија во првата и втората четвртина не наговестуваше убедлив пораз во Украина од 78-61. Имавме постојано водство од почетокот на натпреварот, а во вториот период и највисоки +8. На полувремето заминавме со водство од 30-34.

Украинците во вториот дел тргнаа со серија од 11-3, па го преземаа водството и не го испуштија до крајот. Бевме во игра за позитивен резултат до стартот на последната четвртина, кога нашата игра комплетно се распадна, а Украинците погодуваа од секоја позиција, особено за три поени, за конечни 78-61.

Бојан Крстевски со 14 поени беше најефикасен во нашата репрезентација, додека Џејкоб Вајле постигна 12. Артем Пустовиј со 18 поени најмногу се истакна во домашната селекција.

Македонија сега има два порази од два натпревари, откако во петокот загубивме и од Шпанија на домашен паркет. Квалификациите за Светското првенство продолжуваат во февруари идната година, кога нашата селекција игра двомеч со Грузија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со двата гола против Австрија, Меси ја одведе Аргентина во нокаут фазата и стана прв стрелец во историјата на СП

Sasko Dimovski

Одбојкарките без освоен сет ја завршија Европската лига

Sportska Redakcija

Подмладената Македонија убедливо поразена од Бугарија во Самоков

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе