Магазин

Реновираниот Супер Тинекс Годел отворен- има и аптека и оддел за органска храна

Компанијата „Тинекс“ од денес, 26.11.2021 повторно отвора уште еден во низата реновирани, модерни, најснабдени маркети, тоа е „Супер Тинекс Годел“ на ул. „Перо Наков” бр. 108.

Покрај редовните оддели, располага со оддел за органска и здрава храна, голема и модерна пиљара каде што може да се купи свежо овошје и зеленчук, пекара од која во секое време може да се снабдите со свеж леб и топли бели печива и др., месарница за продажба на свежо месо и преработки од месо кои секојдневно се доставуваат од погоните за расек на „Тинекс“.

Во склоп на Супер Тинекс маркетот е отворена и аптека “Галениум фарм”, а наскоро се отвора и продавница за опремување на домот “Aџико”

Покрај големиот асортиман на производи кои „Тинекс“ ги нуди на своите потрошувачи, „Тинекс“ става посебен акцент и на комодитетот и врвната естетика на ентериерот во самиот маркет.

Особено внимание посветува на изборот на материјали од кои се изработени внатрешните елементи кои ги задоволуваат сите светски стандарди, а посебно се лесни за одржување и дезинфекција што е секако многу важно во време на пандемија.

Специјално избрани светлечки тела кои покрај нивната примарна намена да осветлуваат идеално се вклопуваат во целиот амбиент. За уште полесно навигирање низ полиците поставени се и ознаки со беспрекорна естетика и јаснотија кои на купувачот му помагаат полесно да се снајде низ „морето“ од артикли.

„Тинекс“ маркетот по реновирањето располага со продажен простор од 1000 м 2 и има вкупно 35 вработени. Потрошувачите ги опслужуваат 5 наплатни каси. Целта на „Тинекс“ е да им ги обезбеди најдобрите услови за пазарење на потрошувачите и токму поради тоа постојано подготвува ексклузивни акции, големи попусти и промоции, а за членовите на МОЈ ТИНЕКС клубот се организирани многу поволности, изненадувања и подароци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Оброк на денот со Антонио Велковски

Дејан Дејан

Придобивки од планинарењето во трето доба

Дејан Дејан

(Видео) Утринско будење со ветеринарот Воислав Димитровски – какви се утринските ритуали на крзнените животни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе