Со дуелите од Е-Х сегментот се отвора претпоследното коло од фазата по групи во Лигата на шампионите. Новиот тренер на Барселона, Чави на дуелот против Бенфика ќе дебитира во елитното натпреварување, а денешниот меч на Ноу Камп е од огромно значење за Каталонците бидејќи мора да забележат победа доколку сакаат да избегнат елиминација од натамошните настапи во шампионската лига.
Дербито на вечерта се игра во Лондон каде бранителот на трофејот Челзи ќе се соочи со Јувентус.
ФУДБАЛ – ЛИГА НА ШАМИОНИ
- КОЛО
Е ГРУПА
ДИНАМО К. – БАЕРН 18:45ч
БАРСЕЛОНА БЕНФИКА 21:00ч
Ф ГРУПА
ВИЛЈАРЕАЛ – МАНЧЕСТЕР Ј. 18:45ч
ЈАНГ БОЈС – АТАЛАНТА 21:00ч
Г ГРУПА
ЛИЛ – САЛЦБУРГ 21:00ч
СЕВИЛЈА – ВОЛФСБУРГ 21:00ч
Х ГРУПА
ЧЕЛЗИ – ЈУВЕНТУС 21:00ч
МАЛМЕ – ЗЕНИТ 21:00ч
