Култура

МНТ ја откажа утрешната премиера и репризите поради деновите на жалост по повод сообраќајната несреќа во Бугарија

Поради тешката сообраќајна несреќа со 45 жртви ,која се случи рано утрово во Бугарија и прогласената тридневна жалост од Владата,  Македонскиот народен театар ја откажа утрешната премиера и планираните репризни изведби на претставата „Нема да биде крај на светот“, во режија на Нина Николиќ,
– Новиот термин на премиерната изведба се закажува за сабота ( 27 ноември), со почеток во 20 часот. Средствата од билетите за изведбите на претставата на публиката ќе и бидат рефундирани, велат од МНТ.
Од МНТ изразуваат длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025

Дејан Дејан

Емил Рубен: Во градот нема премногу чист воздух

Дејан Дејан

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе