Младинскиот културен центар ја откажа тековната и програмата на фестивалот „Млад отворен театар“, во следниве три дена, поради прогласените денови на жалост во земјава, по повод трагичната сообраќајна несреќа во Бугарија, во која загинаа 45 патници на автобусот на „ Беса Транс“.
Од МКЦ велат дека јавноста дополнително ќе биде информирана за следните датуми, за одржување на настаните.
Музејот на Град Скопје го откажа вечерашното отворање на изложбата на Жарко Јакимовски, кое требаше да се одржи во 19 часот. А, Театарот Комедија ја откажа изведбата на мјузиклот „ Боливуд“, планирана за утре вечер (24.11.)