Култура

По една година продолжува изградбата на објектот на стариот театар во Струмица

По една година пауза продолжуваат работите на изградбата на објектот на стариот театар во Струмица. Поради пандемијата со ковид активностите беа целосно прекинати. Зградата надворешно е завршена подолг период. Останува да се работи на внатрешноста, што е еден од најголемите предизвици.

Од управата на Завод и музеј Струмица велат дека реални се очекувањата театарот да биде готов за околу една година. Во меѓувреме многу од договорите за набавка на опрема се раскинати, голем дел од барањата се променети, па најверојатно повторно ќе се размислува за најдобри и најсовремени решенија на сцената и потребната технологија.

Изградбата на стариот театар се претвори во процес без крај, откако за првпат почна изведбата на проектот во 2014 година. Најпрво изградбата застана поради промена во проектот, а потоа поради недоразбирања со изведувачот и надзорот.

Инаку, зградата на стариот театар е надвор од употреба речиси 40 години. По завршувањето, струмичкиот театарски ансамбл ќе се врати и тука ќе се создаваат и играат претставите на театарот Антон Панов.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025

Дејан Дејан

Емил Рубен: Во градот нема премногу чист воздух

Дејан Дејан

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе