Култура

Почина актерот Хајрулах Рамизи

На 37 годишна возраст почина Хајрулах Рамизи, актер на Албанскиот театар од Скопје.
Рамизи дипломираше актерска игра на ФДУ, во класата на Рефет Абази, а од 2007 година е ангажиран во Албанскиот театар.
Ќе останат во сеќавање креациите на Рамизи во претставите: „Војцек“,  „Калигула“, „ Генералот на мртвата војска“, „Макбет“ и „ Арсеник и стари тантели“. Негова последна претстава беше „ Брегот на тагата“.
Хајрулах Рамизи учествуваше во регионални и домашни филмски остварувања. Меѓу нив се: „ Едварт“, „ Време на кометата“, „ Војната заврши“, „1955“, „ Само уште еден збунет слон“, „Панкот не е мртов“, „ До Балчак“ и „ Судбина“.
Рамизи ќе биде погребан утре на градските гробишта- Бутел, а датумот и часот за комеморација по повод неговата смрт, Албанскиот театар ќе ги објави дополнително.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Словачкиот поет Иван Штрпка е добитник на „Златниот венец“ на СВП за 2025

Дејан Дејан

Емил Рубен: Во градот нема премногу чист воздух

Дејан Дејан

Македонската филхармонија ќе бара кривична одговорност од министерот Љутков

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе